Во Србија уапсен Бекир Асани, осомничен од МВР за нападот на Тодор Петров

Првиот човек на ДУИ во Чаир, Бекир Асани пред два дена бил уапсен па експресно пуштен на територијата на соседна Србија, јавува српски Ало.
Според информациите, кои ги објави весникот, Асани бил уапсен за сообраќаен прекршок на тероторијата на Бујановец, но што точно се случило, не се објавени подетални информации.
Ало нагласува дека Во Србија веројатно никој не бил знаел кој е уапсениот ако за него не реагирала српската амбасадорка во Македонија.
„Дури по пуштањето, нашите сфатиле кого имале во раце и колку лесно го пуштиле, а најлошо од се е што никој не ја знае причината за доаѓањето на Асани во Србија, и тоа баш во време на жешката предизборна атмосфера. Има индиции дека на територијата на Србија се наоѓаат уште неколку опасни луѓе од Македонија, но никој не ја знае точната причина за нивното доаѓање“ – пишува Ало.
Според весникот, за ослободувањето на Бекир Асани реагирал македонскиот пратеник Артан Груби лично кај амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ.
Бекир Асани е претседател на огранокот на ДУИ во скопски Чаир. Беше еден од осомничените за нападот врз претседателот на СМК, Тодор Петров. 
Ново на Сител
-

Апсења и претреси во Скопје: Лажирале извештаи и уплатници за регистрација на возила, штетата 13 милиони денари
-

Александар Вучиќ покренува подкаст
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
