Во среда конференција за Западен Балкан во Солун со учество на Димитров
Со учество на претставници од земјите од регионот, меѓу кои и заменик-претседателот на Владата на Македонија Никола Димитров, во среда, во Солун ќе се одржи специјална конференција за регионот „Западен Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“ во организација на алтернативниот шеф на грчката дипломатија надлежен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина.
Настанот е во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, а на покана на Варвициотис ќе присуствуваат заменик -претседателот на Владата на Македонија задолжен за европски прашања, заменик -министерот за надворешни работи на Србија, министрите за надворешни работи на Црна Гора и Албанија, вршителот на должноста заменик- министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Косово и заменик -министерот за надворешни работи на Словенија, како земја претседавач со ЕУ, а еврокомесарот за соседство и проширување ќе се обрати со снимена видео порака.
Состанокот ќе биде од затворен карактер, а настанот е на маргините на Меѓународниот саем во Солун.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
