Во Стоби вечерва започнува 17 Интернационален фестивал на античка драма

На древната сцена на амфитеатарот во антички град Стоби вечерва во 21 часот свечено ќе биде отворен 17 Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ што го организира Општина Велес, под покровителство на Министерството за култура.
Младен Крстевски информира дека и годинава на фестивалот ќе бидат доделени наградите за најдобра машка и женска улога најдобра режија и Гран при за најдобра претстава.Тој воедно најави дека идната година сите награди ќе бидат именувани по познати глумци и режисери.
Инаку претседател на жирито за наградите годинава ќе биде познатиот руски режисер Николај Круглов, а членови актерот Мето Јовановски актер и театарологот Ана Стојановска.
- Годинава го враќаме фестивалот онаму каде што бил во античкиот театар во Стоби што значи враќање на духот на самиот антички театар за после две илјади години на исто место да се сретнат гледачите и актерите, потенцира Крстевски.
Инаку во изминатите три години поради реконструкција на амфитеатарот во Стоби фестивалот на античка драма „Стоби“ се изведуваше на сцената на велешкиот театар. Наместо традиционалниот термин крајот на јули и почетокот на август во 2015 фестивалот се одржа на крајот на септември, а во изминатите две години на почетокот на октомври.
Ново на Сител
-

Мерц: Трамп ме увери дека американската армија ќе остане во Германија
-

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
-

Најстудено во Берово и Маврови Анови, на Попова Шапка 74 сантиметри снег
-

ДЗР: Неправилности во Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година, недостигаат 30 лаптопи, исплаќана плата без присуство на работа, финансирани здруженија и фондации
-

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба
-

Американската војска соопшти дека погодила речиси 2.000 цели во Иран
-

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо
-

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование
