Во струшкиот суд слушнати исказите на лекарите и родилката Веапоска
Во струшкиот Основен суд денеска се одржа рочиште од судскиот процес на Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар на која и беа отстранети три органи по породувањето со царски рез, против тројца лекари од Болницата во Струга.
Прв пат на денешното рочиште во судницата се сретнаа оштетената Веапоска и обвинетите. Давајќи исказ за целиот случај на Вепоска и се слошило во судницата, па по пет минутна пауза рочиштето продолжило. Обвинетите лакари, пак кажале дека не чуствуваат вина и побарале ново вештачење за случајот.
– Многу е тешко да останеш без органи и да се расправаш по судски врати со докторите кои не ја признаваат вината, изјави Вепоска по рочиштето.
Првоосомничениот, гинекологот и тогашен директор на Болницата во Струга, Мухамед Асани одби да даде изјава за медиумите.
Според обвининето, тројцата лекари се товарат дека на родилката Веапоска и биле отстранети бубрег, матка и јајник. Како што е појаснето при породувањето со царски рез и ја оштетиле левата бубрежна артерија, но не презеле мерки, туку и давале терапија при што паднала во шокова состојба. Повторно ја оперирале и ја отстраниле матката и левиот јајник иако не биле оштетени. Крварењето не престанало па со втор зафат утврдиле дека е оштетена артерија. Тогаш и бил отстранет и левиот бубрегот и била пренесена на КАРИЛ во Скопје.
Судскиот процес почна во јуни минатата година, но поради отсуство на обвинетите неколку пати беше одлаган. Следното рочиште е закажано за 10 март.
Ново на Сител
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб
-
СДСМ ја повикува власта да ги поддржат мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството