Во судири меѓу полицијата и студенти во Чиле 117 приведени и 32 повредени лица
Во Сантјаго избувнаа судири меѓу полицијата и студентите кои бараат бесплатно образование, а притоа се повредени 32 припадници на безбедноста, а 117 лица се приведени.
Илјадници демонстранти во Сантјаго со камења ја гаѓаа полицијата која употреби солзавец и водени топови за да ги разбие демонстрациите.
И покрај полициските блокади, студентите се собраа во самиот центар на Сантијаго, пренесуваат француските медиуми.
Демонстрантите од претседателката Мишел Башеле побараа да го забрза спроведувањето на долго очекуваните реформи, со кои се гарантира универзален пристап до бесплатно високо образование во Чиле.
„Заморени сме од чекање“, пишува на транспарентите на студентите од протестната прошетка.
Младите Чилеанци веќе една деценија бараат промена на системот што датира уште од периодот на диктатурата на Аугусто Пиноче.
Фрустрирани од одложувањето на овие промени, студентите последните неколку дена ги засилија протестите. Во вторникот тие успеаја да го пробијат безбедносниот систем и да влезат во дворот од седиштето на владата. Во последните протести студентите се судрија со полицијата заради што 117 лица се уапсени, а 32 полицајци се повредени.
Портпаролот на студентската организација, Марчело Кореа, ја предупреди владата дека протестите нема да се намалат се додека не им бидат исполнети нивните барања.
- Се повеќе не има и се посилни сме. Доколку не не слушаат, ќе одговориме со сета сила, рече Кореа.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа