Во судирите во Хамбург повредени 111 полицајци
Вкупно 111 припадници на германските безбедносни сили се повредени во текот на минатата ноќ и претпладнево во Хамбург, во судири со учесниците на протестите против Самитот на Групата 20 најразвиени земји во светот (Г-20), што почнува денеска во овој германски град, соопшти полицијата.
Засега нема информации за повредени или приведени демонстранти.
Како што јави ДПА, во полициското соопштение се наведува дека припадниците на силите на редот утрово успеале да ги потиснат антиглобалистичките демонстранти од улицата по која „најверојатно ќе мине“ делегацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
При акцијата за потиснување на демонстрантите полицијата користела и водени топови.
Претходно беше соопштено дека група антиглобалисти нападнале полициска станица во реонот на Алтона во Хамбург. Во тој дел од градот демонстрантите запалија и неколку полициски возила, а регистрирани се и нови судири меѓу антиглобалистите и полицијата.
- Федералната полиција почна операција против лицата со насилно однесување, кои фрлаат Молотови коктели и палат полициски возила во Алтона, се посочува во соопштението од полицијата.
Локалните власти соопштија и за пожар во магацин на салон за автомобили. Во гаснењето на огнот учествуваат повеќе од 60 пожарникари.
Се уште не е познато дали пожарот е поврзан со синоќешните протести на антиглобалистите во Хамбург.
Непознати лица, за кои се претпоставува дека се анархисти, вчера подметнаа пожар во автосалон на „Порше“ во Хамбург, при што изгореа десет автомобили.
Ново на Сител
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација