Македонија
31. May 2022 - 10:53

Во тек голема полициска акција во прилепско: Запленета дрога во вредност од околу 300.000 евра

Во тек е голема акција на МВР во прилепско во која е запленето поголемо количество дрога во вредност од околу 300.000 евра, пренесе Слободен печат.

Според неофицијални информации, станува збор за уште еден пресечен меѓународен канал за шверц со дрога, а има и приведени наркодилери. 

Од Министерството за внатрешни работи потврдиле дека во тек е полициска акција, а повеќе детали најавуваат по целосно завршување на акцијата.