Во тек инспекциски надзор на ДСЗИ на Гинекологија
![]()
Во тек е инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на Универзитетската клиника за гинекологија каде во неделата родилка се обиде да си го одземе животот.
- Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Информацијата за МИА ја потврди и директорката на ГАК, Викторија Јовановска.
- Пациентката е на КАРИЛ, бебето е тука, така замоли фамилијата. ДСЗИ се тука за да видат, да утврдат дали сѐ е направено така како што треба, изјави Јовановска за МИА.
Од Клиниката за гинекологија вчера информираа дека 39-годишна родилка во неделата вечерта се обидела да си го одзеде животот фрлајќи се од првиот кат на Клиниката. Директорката на Клиниката за гинекологија вчера во изјава за медиумите информираше дека пациентката е веднаш префрлена на КАРИЛ и дека е во критична состојба.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите
-

Утре нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски
-

Апел за помош: Исчезната е Лидија од Скопје, последен пат видена во Црниче
-

ЕЦБ: Војната во Иран е тежок тест за финансиските пазари
-

Се менува демографската слика на ЕУ: Помалку млади, повеќе стари до 2100
-

Модриќ може да се пензионира по Светското првенство
-

Артета прогласен за тренер на годината во Премиер лигата за сезоната 2025/26
