Во тек уписот на Универзитетот за информатички науки „Св. Апостол Павле“ Охрид
На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ - Охрид во тек е првиот рок за упис на нови студенти за учебната 2017/2018 година, кој ќе заврши утре во 15 часот.
- Оваа година бруцошите покажале најголем интерес за студирање на факултетите за Компјутерски науки и инженерство и Информатички системи, визуелизација, мултимедијална и анимациска техника. Има се уште слободни места на петте факултети, распоредени во 10 различни студиски програми, меѓу кои програмите за Компјутерски мрежи и безбедност; Машинска интелигенција и роботика; Дигитална бизнис информатика и Е-Влада, Е-Бизнис, Е-Култура, информира Универзитетот „Св. Апостол Павле“.
Повеќе информации за уписите се објавени на веб-страницата на Охридскиот универзитет: www.uist.edu.mk.
Вториот уписен рок ќе биде на 4-ти и 5 септември, а третиот на 14 септември од 8 до 15 часот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот