Македонија
1. November 2024 - 10:43

Во тешка сообраќајка во Битола едно лице го загуби животот

На 31.10.2024 во 12.39 часот во СВР Битола, било пријавено дека на ул.,,8 Септември“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода” со битолски регистарски ознаки, управувано од К.П.(71) од Битола и патничко моторно возило „форд”со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(60) од Битола.

Возачот К.П. починал, а смрт констатирал доктор од Клиничка болница Битола. Увидот во присуство на јавен обвинител го изврши увидната екипа на СВР Битола.