Во Тетово одбележан Денот на АРМ
Со војничка свеченост во касарната Народен херој Кузман Јосифоски Питу во Тетово денеска беше одбележан 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија. На свеченоста како гостин присуствуваше претставникот од Здружената оперативна команда на АРМ потполковник Зоран Ѓорчевски.

По пречекот на државното знаме и интонирањето на химните на Македонија и на АРМ на присутните им се обрати командантот на Тетовскиот гарнизон и на Третата пешадиска механизирана чета од Првата механизирана бригада на АРМ потполковник Гоце Филипоски.
- Денес кога го прославуваме денот на АРМ и одбележуваме 25 години од нејзиното формирање со гордост можеме да кажеме дека претставува голема чет и достоинство да се биде нејзин припадник. Чествувањето на јубилејот е можност да се потсетиме на двоипол деценискиот развој на нашата Армија која започна да функционира во крајно сложени воено политички услови, со минимални средства и кога практично се почнуваше од почеток. Се почна скромно речиси без опрема, но со голем ентузијазам, со љубов кон своето и со добро обучени старешини и војници – регрути кои ги полнеа македонските касарни. Денешниот датум што го празнуваме како Ден на АРМ е ден кога во 1943 година на падините на Славеј планина е создадена првата организирана поголема формација на Македонската народно – ослободителна војска, односно формирањето на батаљонот Мирче Ацев, рече потполковник Филипоски.
Во рамките на одбележувањето беа нагардени со унапредувања и други стимулативни мерки повеќе припадници на Тетовскиот гарнизон на АРМ. Свеченоста заврши од тактичко – технички збор каде беше претставен дел од вооружувањето и опремата со кои располага оваа едницина на АРМ.
Ново на Сител
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Зеленски: Путин не е заинтересиран за мировни преговори, извозот на дизел во САД само ќе му ги наполни џебовите
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
