-->
-->
Во транзитниот центар кај Табановце има 1.015 мигранти
-->
Во транзитниот центар кај Табановце има вкупно 1015 мигранти, а една поголема група од Авганистан се сместени речиси три недели, соопшти денеска координаторот на центарот, Горан Стојановски.
- Состојбата засега е стабилна внатре во центарот, редовно се функционира нема некои посериозни проблеми внатре во центарот. Максимлано се запазува и хуманиот третман и грижа и кон мигрантите кои се наоѓаат во меѓуграничниот простор, изјави Стојановски.
Веќе трет ден 437 мигранти се наоѓаат во меѓуграничниот простор помеѓу Македонија и Србија. Денеска екипи на УНХЦР и други хуманитарни организации им доставија облека, ќебиња, хигиенски средства, храна и вода.
Мигрантите се сместени во шатори, претежно семејства со мали деца и постари лица. Тие изјавуваат дека сакаат да го продолжат патот кон северните земји, кон нивните крајни дестинации Германија и другите држави членки на ЕУ.
- Сите хуманитарни организации се трудиме да им ги подобриме условите на бегалците во меѓуграничниот простор.Ние однесовме овошје,доста влажни марамици оти нема таму услови за оддржување на хигиена, изјави Крсте Михајловски од хуманитарна организација „Адра“.
Сања Росевска од Црвениот Крст изјави дека тимовите на Црвениот крст се 24 часа присутни во меѓуграничниот простор, а таму, подвлекува, се жалат најмногу на респираторни заболувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа
-
Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата