-->
-->
Во Тунис уапсен маж кој со нож повреди полицајци
-->

Во близина на Парламентот во Тунис денеска е уапсен исламистички екстремист, кој нападнал со нож и повредил двајца полицајци, соопштија локалните власти.
- Салафист нападна двајца полицајци со нож. Едниот се здобил со повреди на главата, а другиот е ранет во вратот и се наоѓа на интензивна нега, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Тунис, Јасер Месбах.
Напаѓачот призна дека пред три години прифатил екстремистички ставови, според кои, припадниците на безбедносните сили се сметаат за „тирани“, соопшти Министерството.
- Тој верува дека убивањето припадници на безбедносните сили е еден вид на џихад, се заклучува во соопштението.
Од револуцијата во 2011 година, која ја придвижи „Арапската пролет“, Тунис се соочи со повеќе џихадистички напади во кои се убиени над 100 војници и полицајци.
Во 2015 година, таа северноафриканска земја беше мета на повеќе напади за кои одговорноста ја презеде Исламска држава, при што загинаа 72 лица, меѓу кои 59 странски туристи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
