Во Турција разрешени тројца градоначалници од прокурдска партија, обвинети за тероризам

Тројца градоначалници од Народната партија за еднаквост и демократија, главната турска прокурдска партија, се сменети од функциите затоа што биле обвинети за тероризам, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Градоначалниците на Мардин, Батман и Хелфети, во југоисточниот дел на Турција, претежно населен со Курди, се сменети со гувернери назначени од државата, се вели во соопштението.
Градоначалникот на Мардин, Ахмет Турк (82), популарна личност во курдското движење, претходно беше сменет од функцијата и во претходните мандати помина неколку месеци во затвор.
Турската влада го обвинува за врски со борците од Работничката партија на Курдистан (ПКК), која е означена како терористичка организација.
Турк и уште двајца прокурдски градоначалници беа избрани за време на локалните избори во март, кои завршија со победа на опозицијата и пораз на владејачката Партија на правдата и развојот.
Ново на Сител
-

Во текот на вчерашниот ден шест пријави за семејно насилство, три лица уапсени
-

Сообраќајната статистика во Куманово бележи умерено подобрување, зголемен број санкции
-

Македонските кикбоксери со шест медали на Светскиот куп во Италија
-

ЈО: Ивана била тепана, изложена на закани и сурово психички малтретирана
-

Вработен во комунална хигиена натепал вработен во внатрешна контрола
-

ЈСП демантира дека автобуската линија 35 е укината
-

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран и ДПИ постапува, вели Јаневска
-

Финансова поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми за злоупотреба на договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми
