Во Турција рекордни над 50.000 новозаразени со коронавирус
Турција евидентираше над 50.000 нови случаи на коронавирус за еден ден, што претставува највисоко ниво од почетокот на пандемијата, јави ДПА. Министерството за здравство доцна синоќа соопшти за вкупно 54.740 новозаразени со коронавирус и 276 смртни случаи за еден ден.
Земјата со 84 милиони жители се бори да спречи зголемување на инфекциите, откако во март беа олабавени рестриктивните мерки, потсетува германската агенција.
Турското здружение на лекари (ТТБ) ја обвини администрацијата на претседателот Реџеп Тајип Ердога за зголемениот број нови случаи. Ердоган беше критикуван, меѓу другото, за одржување на масовни митинзи во затворени сали и покрај брзото ширење на вирусот. Претседателката на ТТБ Себинем Корур Финчанчи минатата недела предупреди дека болниците се преполни.
Вкупниот број на случаи надмина 3,6 милиони од минатиот март, додека бројот на починати е скоро 33.000.
Националната кампања за вакцинација со употреба на Синовак започна на 14 јануари. Оттогаш се администрирани повеќе од 18 милиони дози од вакцината против Ковид-19.
Ново на Сител
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
-

Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител
-

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија
-

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво
-

Илјадници верници го прославија Бадник во Витлеем
-

Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен шверц на оружје од Турција во Македонија | ФОТО
-

Научници се сомневаат на можна врска меѓу тетоважите и ракот на кожата
