Во Велес чествување на двата Илиндена

Општина Велес и Сојузот на борци од НОАВМ-Велес по повод Денот на Републиката-2 август и двата историски Илиндена - 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ утрово организараа чествување на празникот.
По тој повод делегација на општина Велес, на Сојузот на борци, на институции, организации, политички партии и граѓани утрово положија цвеќе и оддадоа почит на Панко Брашнар пред неговиот споменик во новиот дел на Велес.
Тие положија цвеќе и оддадоа почит и на велешките Илинденци пред споменикот на Коњаникот во центарот на градот.
Присутните делегации и граѓани потоа се упатија кон Спомен-костурницата на загинатите борци од НОВ каде исто така положија цвеќе и се поклонија на сите борци загинати за Македонија низ историјата до денес.
Свеченоста беше збогатена и со стих за Илинден-рецитал во изведба на Друштвото на писателите „Коста Солев Рацин“.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
