Во Велес голем интерес за вакцина против сезонски грип, за осум часа вакцинирани 240 граѓани
Во ЈЗУ Центар за јавно здравје денеска започна вакцинацијата со комерцијалната вакцина за заинтересирани граѓани против сезонски грип. За осум часа беа вакцинирани 240 граѓани од различни возрасни групи. Вакцината е четиривалентна и од холандско производство информираат за МИА од Центарот за јавно здравје во Велес.
Вакцинацијата е комерцијална и чини 800 денари, а медицинските екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје ќе продолжат да вакцинираат и утре во истиот термин како и денеска од 8 до 14 часот.
Вакцинацијата ќе трае се до потрошување на добиените 400 дози за Велес со поширокиот велешки регион во кој се вклучени и жителите од Општините Градско и Чашка.
Инаку за целото Повардарието за кои велешкиот ЈЗУ Центар за јавно здравје е регионален добиени се вкупно 1300 дози на вакцини.
Од нив 400 вакви вакцини во петокот тие доставија до Центарот за јавно здравје од Кавадарци а денес 100 вакцини во Центарот за јавно здравје од Неготино. Утре ќе бидат распоредени и 300 комерцијални вакцини за сезонски грип за Гевгелија и 100 вакцини за Свети Николе.
Ново на Сител
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО