Во Велес прослава на свети Пантелејмон заштитник на градот

Повардарската епархија денеска во соборниот храм „Св. Пантелејмон“ во Велес со архиерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски Агатангел го одбележа својот патрон празник посветен на овој светец, заштитник на градот.
Во истиот храм синоќа, во присуство на многу верници, се одржа и вечерна богослужба на која, исто така, чиноначалствуваше митрополитот Повардарски Агатангел.
Инаку втора година како изостана заедничката прослава со свечена програма што ја организираа Повардарската епархија и Општина Велес.
Општина Велес „Св Пантелејмон“ го има прогласено за заштитник на градот.
Црквата е лоцирана југозападно во високиот стариот стрмен дел од градот, а е дело на големиот градител на цркви на Балканот Андреја Дамјанов, родум од велешкото село Папрадиште. Таа била градена во периодот од 1837-1840 година.
Во последното зографисување на живопосот на црквата „Св. Пантелејмон“ од 1942 година работел и Ѓорѓи Зографски внук на Андреја Дамјанов и последен од родот Зографци кој работел во Велес.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
