-->
-->
Во велешката касарна свечена заклетва на 29 генерација на доброволно служење во АРМ
-->

Во касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва даде 29-та генерација на млади војници на доброволно служење во АРМ.
Во присуство на заменик началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Мухамет Рацај, од свечената бина на младите војници им се обрати и им ја честита свечено дадената заклетва, заменик министерот за одбрана Беким Максути .Тој потенцира дека позивот да се биде дел од Армијата на Република Македонија е чест и гордост не само за нив младите војниците, туку и за нивните родители, семејства и секој граѓанин.
- Токму затоа, денес, е посебен ден за вас, 68 млади војници од 29 класа на доброволно служење на воениот рок во АРМ. Служењето во АРМ е најдобар доказ за вашата зрелост да носите сами одлуки, доказ за вербата која ја имате во највисоките човекови вредности. Со заклетвата, Вие се обврзавте да го чувате и браните уставниот поредок, територијалниот интегритет и суверенитет на државата и да му служите на народот, потенцира заменик министерот Максути.
Тој потсети дека тие се базата за понатамошна селекција за идни професионални војници во нашата армија.
- Особено сум горд што меѓу вас се присутни припадници од сите етнички заедници, затоа што Армијата на Република Македонија е вооружена сила на сите граѓани на Република Македонија. Посебно сум среќен што меѓу вас се и пет припаднички од понежниот пол, кои цврсто се решени да ги надминат традиционалните стереотипи дека војничкиот позив е само машка работа. Тоа е доказ дека воената професија станува се поатрактивна и за припадничките од понежниот пол и дека постојано се унапредува родовата еднаквост во нашата земја и се имплементира Резолуцијата 1325 на Советот за Безбедност на ООН. Пред нас стојат идни „амбасадори на мирот“ и промотори на вредностите на Република Македонија, не само дома туку и надвор, на меѓународната сцена, истакна заменик министерот за одбрана Максути.
На младите војници им се обрати и командатот на Центарот за индивидуална обука ЦИО потполковник Газменд Абдиу, кој честитајќи им ја свечено дадената заклетва, ги информира дека во наредните три месеци раководени од искусни старешини на АРМ ќе треба успешно да ја поминат основната воена обука која се спроведува во Центарот за индивидуална обука-ЦИО, а е дел од Командата за обука на гарнизонот во Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изменет режим на јавниот превоз и работното време на ЈСП за новогодишните празници
-

Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
-

Засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти: Издадени 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари
-

Индустриското производство до ноември поголемо за 1.9 % во однос на минатата година
-

ДКСК следната година ќе ја следи имотната состојба на 60 функционери
-

Потпишан Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра - ќе се набавуваат електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт
-

Новиот закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Тешко повреден 93-годишен пешак во Кавадарци по удар од „југо“
