Во велешко Ореше полицијата при претрес приведе лице кое на 3 мај опожари автомобил
Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Велес по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Велес изврши претрес во домот на Ѓ.П. во велешкото село Ореше заради сомнение за извршени кривични дела недозволено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и распрскувачки материјали по член 396 и предизвикување општа опасност по член 288 од Казнетиот Закон.
Како што информира Тони Ангелов портпарол на МВР, при претресот полицијата принашла предмети поврзани со истрагата, а лицето било приведено во Полициска станица Велес.
-Против Ѓ.П. до ОЈО Велес е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност со опожарување на моторно возило „Опел зафира“ на 3 мај годинава,во село Ореше,информира Ангелов.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра