Македонија
27. October 2024 - 11:19

Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините

Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините. 

Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат наменети за бизнис секторот. 

По потпишувањето на договорот најавена е прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски.