-->
-->
Во вооружен напад во Тексас загинаа три лица
-->
Непознат маж кој отвори оган на бензинска пумпа во Далас при што уби три лица, а едно тешко рани, соопштија синоќа властите на американската сојузна држава Тексас.
Нападот се случил во неделата вечерта во предградие на Далас и бил снимен од надзорна видео камера на бензинска пумпа.
Според полицијата, мажот, чиј идентитет не се соопштува, излегол од комбе, влегол во продавницата на бензинската пумпа и отворил оган.
Тој потоа се вратил во комбето и побегнал, соопшти полицијата, додавајќи дека напаѓачот застрелал четири лица, убил тројца и тешко повредил еден човек.
Полицијата соопшти дека се уште трага по убиецот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
