Во Вухан прераспределба на заболените од коронавирус
Поради над 20.000 пријавени случаи на коронавирус, Кина започна со пренесување на пациенти во нови згради или прилагодени здравствени установи.
Првите 50 пациенти биле преместени во монтажна болница на периферијата на Вухан, кој е епицентарот на епидемијата. Оваа болница со 1.000 кревети е опремена со најсовремена медицинска опрема, вклучувајќи оддели за изолација на пациенти, каде се користени вакуумски ѕидови.
При крај е изградбата на уште една болница, исто така во Вухан, која има 1.600 легла.
На други место во Вухан, властите претвораат гимназии, културни центри и изложбени сали во болници, со вкупно 3.400 легла за лекување на пациенти со лесни вирусни симптоми. Телевизиските снимки на овие згради прикажуваат кревети во тесни редови, без прегради меѓу нив.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети