Во Загреб пораки против планираната воена парада
На улиците на Загреб денеска се појавија натписи и пораки против воената парада што треба да се одржи на 4. август по повод одбележувањето на годишнината од воено-полициската акција „Бура“.
Пораките се „Војната е готова, одете си дома!“ и „Војната е готова, слободно!“.
Јулија Крањец од Центарот за мировни студии изјави дека Центарот повеќепати ја потсетувала хрватската Влада и претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ дека апсолутно е неприфатлива и непотребна воена парада.
- На хрватското општество не и е потребна милитаризација туку соочување со минатото и изградба на мир. Неприфатливо е на овој начин да се одбележува „Бура“, во која стотици луѓе загинаа, беа протерани, изчезнати, истакна Кранец.
И политичкиот аналитичар од Загреб, Жарко Пуховски наведе дека не треба воена парада и оти тоа е беспотребно трошење на пари.
- Вакви воени паради се одржуваат само во Франција и во Русија, а според мене воена парада за мала нација е бесмислица. Оваа парада е со цел премиерот Зоран Милановиќ да не биде исвиркан од примитивците во Книн, посочи Пуховски.
Тој додаде дека Хрватска со парадата сака да ја сокрие својата воена немоќ.
- Воена парада за мала нација е прескапа и промашена забава, посочи Пуховски.
На 4. август во Загреб првпат со воена парада ќе се одбележи годишнина од воено-полициската акција „Бура“, со што се одбележува и Ден на победа и Ден на хрватските бранители. На 5. август Денот на победата и Денот на хрватските браниотели ќе бидат одбележани во Книн.
Во операцијата „Бура“ (од 4. до 9. август 1995 година) од Хрватска се протерани 220.000 Срби, речиси 2.000 загинаа или се водат за исчезнати.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари