Во Западна Австралија претставени можностите за инвестирање во Македонија

Бизнис климата и поволните услови за странски инвеститори, особено реформите и мерките што Владата на Република Македонија ги презема во насока на подобрување на деловната клима, бизнис опкружувањето и даночната политика, ги претстави почесниот конзул на Македонија во Австралија Зоран Ќосески во меѓународниот клуб Ротари Интернешенел во Западна Австралија.
Тој, како што соопштуваат оттаму, се осврнал на историскиот развој на македонската етничка заедница во Австралија со својот јазик и култура, со својот придонес во рамките на мултиикултурна Австралија, иницијативата за избегнување на двојното оданочување како и зајакнувањето на трговско-деловните односи во рамките на билатаралните односи меѓу Република Македонија и Австралија.
На средбата оценил дека досегашните бизнис контакти меѓу западноавстралиските фирми со македонското стопанство се движат во нагорна линија со кое ќе се зајакне влезот на поголем австралиски капитал во Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
