Во завршна фаза детската градинка и регулација на Зрновска Река во Зрновци
Општина Зрновци деновиве ги реализираше проектите за изградба на детска градинка и регулација на Зрновска Река во втора фаза, кои се од интерес на жителите на општината.
Градоначалникот на Зрновци Блаже Станков, рече дека изградбата на новата детска градинка во општина Зрновци е во завршна фаза и веќе во септември ќе биде пуштена во употреба.
- Пристигна опремата за занималните во градинката која се простира на површина од 420 метри квадратни и располага со капацитет од 80 деца. Со изградбата на детската градинка на многу семејства ќе им се олесни носењето на дечињата во градинка, бидејќи од овие населени места во моментот 30 дечиња секојдневно патуваат во детските градинки во Кочани. Проектот е вреден 430.000 евра, а финансиските средства се обезбедени од ИПА програмата за рурален развој, изјави Станков.
Паралелено со овие активности финишираат и завршните работи на изградбата на потпорни ѕидови и регулација на Зрновска река во должина од 463 метри.
- Општината за оваа намена доби средства во износ од 10 милиони и 700 илјади денари од ИПА програмата, кои целосно се искористени за изградба на потпорни ѕидови и регулација на Зрновска Река во долниот дел од населбата, изјави Станков.
Посочи дека со ова очекува да се подобри животот на населението во населбата и да се спречи излевање на реката од надојдените води во текот на годината.
Ново на Сител
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?
-
Нелојална конкуренција – проблем за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина