Во земјава пристигнаа 9.360 вакцини од Фајзер
Вчера, во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот Фајзер, информираат од Министерството за здравство.
4.680 дози од пристигнатите фајзерови вакцини се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против Ковид 19. Според договорот, Фајзер секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец. Останатите 4.680 дози вакцини Фајзер се добиени преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).
До крајот на мај во Република Македонија треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, што ја координира Австрија.
Вчерашната пратка е втора по ред, а помошта за Македонија која ја обезбедува ЕУ се вкупно 119.213 вакцини.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка