Водата во општина Василево не е безбедна за пиење
Жителите на општина Василево нема да можат да ја користат водата од градскиот водовод, што се снабдуваат од браната „Турија“.
Комуналното претпријатие „Турија“- Василево синоќа ги информираше жителите од населените места Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија дека по направените микробиолошки анализи, водата не е за употреба.
„Општина Василево побара дополнителни анализи на водата за пиење во наредните денови и од Центарот за јавно здравје и паралелна анализа од акредитирани лабаратории. Екипите се на терен и работат на надминување на состојбата и решавање на проблемот за што граѓаните ќе бидат дополнително информирани“ – информираат од Општината на својата официјална Фејсбук-страница.
Оттаму додаваат оти подолг период се преземаат мерки за обезбедување пивка вода за населението.
Посочуваат оти на располагање се обезбедени диспанзери, шишиња вода во училиштата и градинката, како и канистри со вода за пиење на населението.
Ново на Сител
-
Дурмиши: Без ограничени маржи, храната ќе се продаваше поскапо
-
Македонија е на петто место во Европа по иселувањето на високообразовен кадар
-
ДСЗИ заврши, на ред е стручната комисија – Дали има лекарски пропуст во третманот на 14 месечното бебе кое почина на Детска?
-
Забрана за пиење на водата во Василево
-
Врховен суд бара државата да спречи загадување на воздухот, граѓаните добија шанса да ја тужат
-
Центар за иновации во медиумите на Правниот факултет: Студентите по новинарство добија современо студио
-
За пациентките од крајниот исток нема можност за преглед на мамограф во ЈЗУ
-
Во Брисел нема расположение за уставни измени со одолжено дејство, но предлогот не е ниту одбиен