Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, објавени утрово.
Од јавното претпријатие соопштија дека го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
- Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 до 24 јули зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје - информираа од јавното претпријатие.
Согласно добиените резултати од испитувањата, како што се истакнува во соопштението, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
МИА
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
