Водителката Марија Меркејдер почина од коронавирусот
Познатата водителка на вести на Си-Би-Ес, Марија Меркејдер почина вчера на 54-годишна возраст, како последица од заразата со коронавирус.
Како што објави „Варајети“, Меркејдер 20 години се борела со вид на рак, па сите тие третмани и операции ја сместиле во ризичната група граѓани, најподложни на вирусот.
– Таа беше повеќе од талентирана новинарка. Ќе ни недостасува нејзиниот објективен дух. Марија беше дел од нашиот живот. Дури и кога ја однесоа в болница и знаеше дека нешто не е в ред, таа се грижеше за Си-Би-Ес. Ќе ни се јавеше за да нѐ бодри, да ни каже „вие го можете тоа“. Марија беше воин. Благослов за сите нас, изјави Сузан Зирински, постара извршна директорка на Си-Би-Ес њуз.
Последната функција на Меркејдер беше – директорка за стратегија на човечките ресурси.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи