Македонија
8. February 2018 - 12:56

Водостојот на реките над просекот за февруари

Водата во реките Пчиња кај Катлановска Бања и Вардар кај Зајчев рид се уште е двојно повисока од просекот за февруари.

Според податоците на Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), нивото на водата денеска  е зголемено и на реките Треска кај Македонски Брод, Сатеска кај Ботун и на Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија.

Реките Брегалница кај Берово и Црна Река кај Новаци бележат намалување за неколку сантиметри.

Водостојот на езерата во Македонија денеска е во просекот на февруари.