-->
-->
Воената академија објави конкурс за школување пилоти
-->
Конкурс за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација објави денеска Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.Од Академијата ги повикуваат младите граѓани на Република Македонија кои имаат завршено високо образование, не се постари од 28 години и сакаат да бидат идните воени пилоти во Армијата на Република Македонија, да ги достават своите апликации со потребните документи од денеска, најдоцна до 9 март.
При приемот предвид се зема успехот на кандидатите од завршеното високо образование и проверките за физичка подготвеност.
Натамошната селекција, како што појаснуваат од Академијата, се состои од проверка на познавање на англискиот јазик, здравствени проверки и селекција на земја и во воздух која се врши во Центарот за обука на пилоти, кој претставува еден од најусовршените центри за обука на пилоти во Југоисточна Европа.
Конкурсот може да се најде во дневните весници во Република Македонија, како и на веб-страниците на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk и Воената академија, www.ma.edu.mk.
Овој конкурс отвора уникатна можност за секој млад граѓанин на Македонија да ги тестира своите можности, капацитети и знаење и да биде воен пилот во Армијата на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
