Воени вежби на НАТО во Грузија

Во воената база „Вазиани“, во близина на грузискиот главен град Тбилиси, денеска започнаа воените вежби „Благороден партнер 2017“, со учество на војници од осум држави членки и партнери на НАТО.
Како што јави ТАСС, на маневрите, што ќе траат до 12 август, учествуваат околу 2.800 војници од Грузија, Велика Британија, Германија, Ерменија, Словенија, САД, Турција и Украина.
Грузискиот министер за одбрана Леван Изорија изјави дека овие вежби се јасна демонстрација на поддршката на САД и НАТО за Грузија и за нејзината безбедност и за аспирациите за члеснтво во Алијансата.
Премиерот Гиорги Квирикашвили пак оцени дека маневрите се од големо значење за зајакнување на стабилноста во регионот и најави дека американскиот потпретседател Мајкл Пенс за време на престојот во Грузија, ќе ја посети базата „Вазиани“ и лично ќе ги поздрави учесниците на вежбите.
Пенс треба утре да допатува во дводневна посета на Грузија.
Ново на Сител
-

Мицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерство
-

Девојче со часови не одговарало на телефон и врата, пожарникари влегле преку тераса - ја пронашле во длабок сон
-

Трамп: Се надевам на крај на војната со Иран
-

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3
-

Американската армија треба да е подготвена за борба околу Месечината, изјави главниот воен советник на Трамп
-

САД усвои закон за нови санкции и царини против Русија
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
