Воениот брод на САД останува во Црно Море и покрај критиките на Москва

САД ќе го одржат своето присуство во Црно Море и покрај предупредувањата од Русија дека американскиот воен брод што патролира во областа ја загрозува регионалната безбедност, изјави секретарот на американската морнарица Реј Мабус.
Воениот брод на САД вплови во Црно Море во текот на месецот и предизвика остри критики од Москва.
- Ќе бидеме присутни за да спречиме потенцијална агресија, истакна Мабус по критиките од Русија на одлуката на НАТО за постојано воено присуство во Црно Море.
Претставник на руското Министерство за одбрана изјави дека „постојаното воено присуство ќе го дестабилизира регионот бидејќи тоа не е море на НАТО“.
Турција и Романија очекуваат на самитот на НАТО во Варшава идниот месец да биде одлучено да се зголеми присуството на воените сили на Алијансата во Црно Море.
- Друг американски брод вчера вплови во Медитеранот. Обврска на американската морнарица е да спречи агресија и да обезбеди проодност на морските патишта, посочи Мабус.
Ново на Сител
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
-

ЗНАМ: Сите опции се на маса
-

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија
-

Опожарена шума, нерешени имотни односи и обвинувања за привилегии
-

Дефинитивно нема договор за една изборна единица, се кршат копјата за гласење на дијаспората
-

Тема на денот со Изет Меџити, копретседател на ВРЕДИ
-

Бенефит за граѓаните или интерес на локални моќници? Протест на жителите од Заполжани и Новоселани против изградба на пат
