Македонија
21. April 2018 - 14:56

Војник во АРМ повреден на вежба на Криволак

Вчера во 18,45 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека околу 12,00 часот во Медицински центар Неготино бил донесен Т.Р.(38) од Тетово, вработен во АРМ, кој при изведување вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“, се здобил со изгореници од 2 и 3 степен по целото тело (најверојатно од барут).

По укажаната лекарска помош, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и е надвор животна опасност.

Ново на Сител