Војните во Иран и Украина и цените на енергенсите на агендата на дводневниот Самит на ЕУ

Лидерите на Европската унија денеска и утре ќе заседаваат во Брисел, со последиците од војната во Иран на врвот на агендата, како и со слабеењето на поддршката за Украина и предизвиците за конкурентноста на Унијата.
Државите-членки на Унијата со различни ставови за тоа како да се ублажи ударот од високите сметки за енергија врз потрошувачите и бизнисите, настанати поради растот на цените на горивата последица на воената интервенција на САД и на Израел против Иран.
Пет земји на ЕУ непосредно пред денешниот самит повикаа на поголем акцент на обновливата енергија како одговор на растот на цените, додека други предложија реформи на шемата за пресметување на цената на емисиите на јаглеродениот диоксид.
Високите цени на енергенсите и нивното влијание врз конкурентноста на ЕУ, беа проблем на Унијата и пред почетокот на војната против Иран, со отворени барања за намалување на бирократските бариери и големи инвестиции.
Лидерите на ЕУ ќе разговараат и за војната во Украина и за можните ефекти од конфликтот на Блискиот Исток, при што на состанокот преку видео-врска ќе се вклучи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Поддршката на ЕУ за Киев претрпе удар минатиот месец, кога 27-те земји-членки на Унијата не успеаја да постигнат консензус за нови мерки за помош. Двадесеттиот пакет санкции против Русија за нападот врз Украина и заемот од 90 милијарди евра за Украина остануваат блокирани поради несогласувањата меѓу Киев и Будимпешта настанат поради прекинот на испораките нафта преку нафтоводот „Дружба“.
МИА
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
