Вонредна прогноза: Нов влажен бран во Македонија
Почнувајќи од утре на пладне Македонија ќе ја зафати влажен бран со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.
Како што информираат синоптичарите, врнежите ќе бидат пообилни во вечерните и ноќните часови, особено во западните и југоисточните делови, каде локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи. На места ќе наврнат околу 20л/м2 воден талог, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во првите два дена од следната недела ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Во вторник ќе има услови за појава на грмежи. Дневните температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од 5 до 12 степени.. Потоа следува период на стабилно и суво време со значителен пораст на дневната температура.
Ново на Сител
-
Околу два милиони денари од хуманитарниот пикник на Алкалоид за СОС Детско село
-
Непалците ја користат нашата држава како попатна станица кон Европа
-
Од 30-ти септември до 2-ри октомври „Денови на модата“ во Штип
-
Израел се подготвува за инвазија во Либан
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема