Свет
14. November 2015 - 0:36

Вонредна вест: Франција ги затвори границите

Претседателот на Франција, Фрасоа Оланд прогласи вонредна состојба на територијата на цела Франција и донесе одлука да се затворат сите граници на државата.

Тој кажа дека во тек се операции на полициските сили низ цел Париз, а до граѓаните упати апел да останат во своите домови.

-Мораме да останеме мирни и обединети, рече тој.

Тој по нападите, заедно со премиерот и минситерот за внатрешни работи одржа итен состанок.

Најмалку 11 луѓе погинаа во нападот во ресторан, а 15 во коцертната сала Батаклан каде трае заложничката криза.

Полицијата нема податоци дали нападите се координарани, во кои има најмалку настрадаа 60 жители на Париз.