-->
-->
Вонредна временска прогноза - Убавото време нема уште долго да трае
-->

Утре ќе преовладува облачно и посвежо време со врнежи од дожд со послаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. На повисоките планини можен е и повремен снег. Ќе биде посвежо и дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Од вторник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во вторник и среда во попладневните часови пред се на запад ќе има услови и за појава на ретки грмежи. До четврток ќе дува претежно југоисточен ветер а дневните температури ќе се во интервал од 13 до 21 степени.
Во четврток ќе почне да дува северен ветер кој особено ќе засилува во петок кога и врнежите ќе завршуваат. Во овие денови ќе биде и за степен до два посвежо.
Утрата ќе останат свежи, а малку постудено ќе е утре наутро и потоа се до петок утринските ќе се насекаде позитивни. Во петок со намалување на облачноста утринските повторно ќе се доближат до нулата, сепак во поголемиот дел од земјата се очекува да се позитивни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
