-->
-->
Вооружен напад во скопски маркет - вработените преживеaа пекол
-->

Во секторот за внатрешни работи-Скопје вчера вечерта било пријавено дека околу 21 часот и 45 минути на улицата “Јани Лукровски“ во продавница на "Стокомак" било извршено разбојништво од страна на три непознати маскирани лица кои со физичка сила ја отвориле железната решетка и влегле во продавницата, каде што биле вработените кои го пребројувале дневниот промет.
Сторителите со закана со огнено оружје им одзеле околу 30.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата како и целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
