Џет-Сет
31. August 2016 - 12:01

Ворен Бити снима филм за Хауард Хјуз

Американскиот актер и режисер Ворен Бити почна снимање на филмот за милијардерот, инвеститор, авијатичар и филмски продуцент Хауард Хјуз.

Филмот „Правилата на важат“, се фокусира на личноста на индустријалецот и филмскиот могул, кој беше многу присутна личност во медиумите, делумно поради филантропизмот и градењето на големите авиони, но и поради бурниот љубовен живот.

Бити, познат под надимакот „Професионалец“ кој сега има 79 години, 15 години од неговиот последен филм се враќа во филмските води.

Тој ја отфрла сличноста меѓу него и Хјуз, додавајќи дека американскиот милијардер никогаш не го запознал, иако, како што тврди, ги запознал сите.

Главните улоги во филмот ги играат Лили Колинс, како една од 20-те старлети со кои Хјуз бил во врска, и нејзиниот возач, кој го игра Алден Еренрајх Тие двајца се амбициозни, но малку наивно доаѓаат во Лос Анѓелес, надевајќи се дека ќе тргнат по својот непознат добротвор.

Хјуз беше во емотивна врска со голем бројни холивудски ѕвезди меѓу кои, Џејн Расел, Кетри Хепберн, Ава Гарднер, Рита Хејворт, Мерилин Монро и други.

Тој беше еден од најбогатите луѓе во светот, а почина од неухранетост.

Постои нешто соодветно во фактот дека еден од современите најпознатите холивудски плејбои снима филм за Хјуз, пишува РТС.

Познати се романсите на Бити со Мадона, Џејн Фонда, Изабела Аџани, Дајана Китон, Џоан Колинс, Џули Кристи и многу други.

Питер Бискајнд, автор на биографијата на познатиот актер и заводник, напиша дека Бити спиел со повеќе од  12.000 жени.

Бити, како актер, се прослави со улогите во филмовите „Небото може да чека“, „Бони и Клајд“, „Багзи“ и „Сјајот во трева“.