Воз со околу 370 патници се запали во тунел во Австрија
Австриските власти евакуираа стотици патници од воз кој синоќа се запали додека беше во тунел и, според официјалните лица, околу 50 луѓе претрпеле полесни повреди, најмногу поради вдишување чад.
Железничкиот оператор ОББ соопшти дека околу 20:40 часот било пријавено оштетување на горните електрични водови и оти изгледа се запалил автомобил во товарен вагон во ноќниот воз од Инсбрук до Амстердам.
Како што се наведува, пожарот бил изгаснат до 22. 20 часот. Евакуацијата завршила кусо по 23 часот.
Ноќниот сервис на Австриските железници сообраќа до неколку европски градови и понекогаш превезува автомобили во посебни вагони. Возот утрово требаше да пристигне во Амстердам.
Патниците на кои не им била потребна медицинска помош биле однесени во Инсбрук каде по потреба било организирано сместување за нив.
Ново на Сител
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
