-->
-->
Возачот што прегази пешак се пријавил во полиција
-->
СВР Тетово идентификувало едно лице кое е се сомничи дека било учесник во сообраќајната несреќа што синоќа околу 20 часот и 25 минути се случила на автопатот Гостивар Тетово спроти спортската сала во Пироко во која Н.О.(78) од гостиварска Горна Бањица го загубил животот, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според него, денеска околу 14 часот во полициската станица Гостивар се пријавило 47 годишно лице од Добридол со кое бил извршен службен разговор пришто по наредба на јавен обвинител било задржано.
Обезбедено е и патничкото возило Фијат за кое се претпоставува дека учествувало во сообраќајката и тоа крим технички ќе се вештачи со цел целосно расчистување на случајот, посочи Јосифовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи