-->
-->
Возило излета од патот кај делчевското село Стар Истевник, нема повредени лица
-->
Возило излета од регионалниот пат Делчево - Пехчево - Берово кај делчевското село Стар Истевник. Екипа на делчевската полиција врши увид на местото на несреќата, каде сообраќајот се одвива по едниот дел од коловозната лента. Според информациите од полицијата, нема повредени лица во несреќата.
Очевидци за МИА велат дека ова е критична делница каде за краток период се имаат случено неколку сообраќајни незгоди, заради што апелираа на интервенција на острата кривина кај село Стар Истевник каде се имаат случено сообраќајните несреќи.
Поради периодичните врнежи од дожд, сообраќајот на оваа делница на периоди се одвива по влажни коловози, заради што надлежните апелираа на внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација.
Ова е втора сообраќајка за неколку дена на оваа делница, претходно на регионалниот пат Делчево - Пехчево - Берово возило излета од патот кај делчевското село Стамер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
