Македонија
15. јуни 2022 - 17:12

Возило на Народен правобранител украдено од механичарска работилница

На 14.06.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје, Б.Ш.(32) од с.Ласкарци, општина Сарај, пријавил дека во периодот од 12.06.2022 до 14.06.2022 од механичарска работилница на локален пат Тетово – Скопје било одземено патничко моторно возило „лада нива“ со скопски регистарски, сопственост на институцијата Народен правобранител, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.