Македонија
20. јуни 2020 - 11:58

Возило со скопски регистарски ознаки се превртело на регионалниот пат Скопје-Тетово

Во попладневните часови на 19.06.2020 во 14:45 часот на регионален пат Скопје - Тетово во атар на с.Арнакија патничко моторно возило „Рено канго“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.Ј.(51) од с.Буковиќ, скопско, излегло од коловоз и се превртело.

По незгодата со возило на итна медицинска помош Х.Ј. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.