Возило висело на карпа, од ЦУК соопштија дека нема повредени лица
Патничко возило „фолксваген“ излетало од главниот пат кај националниот парк Галичица. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), возилото виси на карпа, но луѓето во него се неповредени. Пријавата за возилото била добиена на бројот 112.
-Возило е излетано код главниот пат кај националниот парк Галичица на 10 минуи возење по наплатниот пункт, кај местото викано Коритски Рид. Патничкото возило е марка „фолксваген“ во црвена боја со регистерски ознаки 01645KH. РЦУК Охрид извести дека за настанот запознаени се МВР СВР Охрид и тие испратиле патрола на тој дел, по што известиле дека лицата се наповредени, но возилото висело на некоја карпа, наведува ЦУК.
Известен е и Антонио Додевски од Планинската спасителна служба Охрид кој на местото на настанот ќе направи увид.
Ново на Сител
-

Смртно затрелан албански полициски специјалец, друг ранет, во акција за апсење на барано лице
-

Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин
-

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват
-

Муцунски: Остануваме цврсто на позицијата дека во овој момент нема услови за уставни измени
-

Бебе „продадено“ за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи во Куманово
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
-

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура
