Возилото на Албин Курти дел од сообраќајка во Тирана
Возилото во кое се наоѓал лидерот на косовското Движење „Самоопределување“, Албин Курти синоќа било дел од сообраќајка на автопатот Тирана – Драч, во која за среќа нема повредени.
– Возилото на претседателот на Движењето „Самоопределување“ Албин Курти имаше сообраќајка во лесен верижен судир во Албанија додфека патувал кон прославата на победата во Тирана. Се е во ред и ниту едно лице не е повредено. Активностите продолжија според агендата и нема место за вознемирување, напишал на Фејсбук портпаролот на „Самоопределување“, Арлинд Манџука.
Курти, чија партија на предвремените избори на Косово на 6 октомври, освои 185 илјади гласови, што е досега најголема поддршка, синоќа престојуваше во Тирана на прославата на победата организирана од партијата „Самопределување“ за Албанија.
Ова е инаку, првпат политичка партија од Косово да слави победа во Албанија.
По прославата тој веднаш замина за Косово, поради, како што рече, обврските што ги има. Што се однесува до најавената средба од страна на албанскиот премиер Еди Рама, Курти рече дека „тоа е само прашање на ден“.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости