-->
-->
Вознемирувачко: Девојка каменувана до смрт поради Куранот
-->

Снимката од линчувањето на 27-годишната Авганистанка што беше убиена од страна на толпата која ја каменуваше, а пред тоа ја измачуваше со ножеви, беше објавена на Јутјуб, но набрзо беше отстранета и повеќе е недостапна за гледачите.
За нејзината смрт властите во Авганистан обвинија повеќе од 40 лица, а снимката што е направена со мобилен телефон, наводно на интернет ја поставиле нејзините убијци.
Фаркхуда Маликзади беше убиена во март годинава поради лажни обвиненија дека го запалила Куранот. Но, истрагата на авганистанските власти дојде до заклучокот дека нема никаков доказа за спалување на Куранот.
Според тврдењето на нејзиното семејство девојката била многу религиозна и се подготвувала да оди на теолошкиот факултет во Кабул. Фаркхунда беше обвинета за спалување на Куранот од страна на продавач на талисмани во центарот на Кабул откако таа искоментирала дека со продажбата ги мами купувачите и дека тој всушност е криумчар на виагра и кондоми.
Тој во напад на гнев лажно ја обвинил за злосторство што во Авганистан се третира како мошне сериозно. Меѓу осудените на смрт за бруталниот напад врз девојката е и продавачот што лажно ја обвинил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Оризопроизводителите алармираат, откупната цена не ги покрива трошоците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
