ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Се обиде да направи трик, жив се свари во експрес лонец!
Лим Ба, видовит и гуру, се обидел да изведе бизарен тест за физичка издржливост. Имено тој е ставен го огромен експрес лонец во кој претходно бил загреан во врела вода, но тоа не заврши добро за него.
Овој настан од 2017 година ги потресе сите, а посебно неговите верни обожаватели во Малезија.
Видовитиот вакво нешто изведувал повеќе пати, а еднаш според неговите тврдења издржал 75 минути. Но овој пат неговите обожаватели побрзаа да го извлечат од лонецот кога слушнале како очајнички удира во обид да се ослободи.
Кога го извлекле од таму, тој бил без свест, со страшни изгореници по целото тело.
Набрзо е одведен во болница каде е прогласен за мртов, а како причина за смртта се наведува срцев удар.
Неговиот син Канг Хуаи (32) вели дека го молел таткото да не го изведува повеќе овој смртоносен експеримент.
-До моментот кога стигнала брзата помош, мојот татко престана да дише. Минатата година му вградија бајпас на срцето, зошто имаше тешкотии при дишењето, рече тој.
-Мојата мајка и сестра се многу тажни. Нашиот татко секогаш беше весел, а сега засекогаш не напушти, додаде тој.
Храмот сега ги откажа сите настани од почит кон починатиот гуру.
Погледнето го видеото:
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши